Проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ претставен на 53. БИТЕФ

Од:

Перформансот-инсталација „Оваа зграда зборува (на)вистина“, кој во јуни победи на Прашкото квадренале за перформанс дизајн и простор, вчера беше претставен во придружната програма на 53. БИТЕФ, најпрестижниот театарски фестивал во регионот.

– „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на авторот Филип Јовановски, куриран од Ивана Васева и во изведба на актерката Кристина Леловац, имаше две изведби во холот на Главната железничка станица во Нови Сад, а на барање на организаторите следуваат уште шест изведби во наредните два дена. Проектот беше претставен во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска публика, соопшти организацијата „Факултет за работи што не се учат“, која во 2015 година го иницираше проектот „Кога зградите би зборувале“.

За изведбата во Нови Сад, БИТЕФ имаше организирано специјален превоз, а публиката имаше можност да ги слушне и авторите на проектот во краток разговор со неа и да добие публикација која е дел од самата инсталација. Гостувањето беше овозможено во соработка со „Нови Сад 2021 – Европски град на културата“ и е во рамки на нивната програма „Калеидоскоп на културата“.

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ овој месец премиерно беше претставен пред македонската публика, на отворањето на 44. Млад отворен театар, а се планирани уште неколку претставувања надвор од земјава.

Би можело да ве интересира

Штипскиот Народен театар со претставата „Лекција“ на БИТЕФ во Белград

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска