Проектот „Култема“ на Интернационалниот саем за туризам во Белград

Од:

Проектот „Култема” – Културната вредност во интерес на одржливото територијално управување и маркетинг ќе биде претставен на Интернационалниот саем за туризам во Белград, каде  денеска и утре ќе се одржи состанок на Работната група за одржливост и транснационални договори на проектот.

„Култема“ е проект од меѓународен карактер во кој Министерството за култура на Република Македонија активно учествува заедно со уште девет земји од Југоисточна Европа. Проектот има вкупно седумнаесет проектни партнери, а водечки партнер е регионот Венето од Италија. Во Република Македонија овој проект се спроведува на територијата на регионот Дебар-Река.

Заедничкото претставување на партнерите на проектот ќе биде на штандот на Министерството за култура и информации на Република Србија кое, како ИПА-партнер, ги покани сите проектни партнери да го претстават својот регион кој е предмет на интерес.

На Интернационалниот саем за туризам во Белград Министерството за култура на Република Македонија ќе ги претстави културно-историското богатство и туристичките потенцијали на регионот Дебар–Река и ќе ги објасни улогата и активностите на Министерството како партнер во проектот „Култема”. На саемот ќе биде презентирана и брошурата за проектот и регионот Дебар–Река со културно-историските споменици.

„Култема” успешно се имплементира во Македонија од октомври 2011 година, а ќе трае до октомври годинава. Проектот е поддржан од Советот на Европа, а е финансиран преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) од страна на Европската унија.

– Стратегијата на проектот е согледување и промовирање на културното наследство како фактор за економски развој, а главната цел е да се зголеми вниманието за атрактивноста и економскиот потенцијал за инвестирање во културното наследство. Идејата е тоа да се постигне преку зајакнување на институционалните капацитети во областа на културното наследство и да се спроведат иновативни модели на управување, соодветни за намалување на административните, општествените и економските бариери меѓу културното наследство и потенцијалните инвеститори, соопшти македонското Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Промоција ‘Од ракописот на една жена’

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

АКТО 18: Проекција на „Витиќ танцува“ или борбата на поединецот за јавното добро

Асемина Проедру и Елеонора Венинова го отворија 8. издание на МФФ Киненова

Оливер Митковски и Андреја Салпе по втор пат во МНТ ќе го изведат поетско-музичкиот електронски акт „Поетроника“

Инспиративен концерт на „Љубојна“ во Прилеп