Проектот „Креативен викенд Лазарополе“ ќе биде прeтставен во Париз

Од:

Проектот „Креативен викенд Лазарополе“, кој три години се одржува во ова планинско село во западна Македонија, денеска ќе и биде претставен на публиката во Париз во Културно-социјалниот центар La Generale.

Проектот ќе го претстават координаторите Јован Ламбески и Тони Димитров, најпрвин преку презентација и фотографии од изминатите изданија на „Креативен викенд“, а потоа и со кратко видео кое е направено за време на еден од креативните викенди. Покрај презентацијата ќе бидат претставени и дел од уметниците кои досега учествувале во проектот и тоа со делата добиени како резултат од креативните викенди.

Покрај претставувањето на Креативен викенд, во Париз ќе биде претставена и концептуалната звучна инсталација „Страв од музика“ на Тони Димитров, чиј дел е снимен во Лазарополе.

Проектот „Креативен викенд“ се состои од работилници на кои се работи на различни креативни аспекти и уметнички перспективи, каде авторите имаат можност да се соберат на едно прекрасно место и заедно да работат, да се инспирираат, создаваат, пишуваат, цртаат, да ја претстават својата работа, да соработуваат, да се дружат и да уживаат во природата.

Работилниците се наменети за млади креативци кои се заинтересирани за уметноста и крeативните индустрии, кои ќе работат заедно, врз основа на што би се создала база за нивна понатамошна соработка на ниво на локална сцена во соодветната уметничка област, што е еден чекор кон креирање на своевидна уметничка заедница која ќе ги има сите параметри на една здрава сцена која меѓусебно ќе комуницира и соработува во иднина. 

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска