Проекција на телевизиски фељтон за животот и делото на Томе Серафимовски

Од:

Животниот и творечкиот пат на академик Томе Серафимовски е прикажан во телевизискиот фељтон насловен „Извајан Балкан“ подготвен од Радио-телевизија Србија, реализиран по повод неговиот 80-ти роденден и 60 години творештво, а чија проекција се одржа денеска во Македонската академија на науките и уметностите.

Серафимовски, кој е еден од нашите најголеми и најпознати скулптори, истакна дека е среќен и задоволен што е направен телевизиски фељтон за неговиот живот и дело. – Човекот е моја неисцрпна инспирација ама човекот е почеток и крај, додека жената е само почеток. Јас неможам да го согледам крајот на испирацијата за жената. Таа останува како моја трајна не опсесија, испирација, љубов и желба, рече Серафимовски.

Претседателот на МАНУ, Владо Камбовски во обраќањето пред присутните рече дека скулптурите на Серафимовски се распоредени во широк фронт на сите четири страни на светот како гласници кои ги пренесуваат неговите уметнички визии на јазик разбирлив за сите луѓе со добра мисла.

Посочи дека во текот на својот творешки век, Серафимовски создал повеќе од 500 скулптури, од кои околу 250 портрети, повеќе од 170 актови, 100-тина скици, минијатури, идејни решенија од областа на ситната пластика, над 15 анималистички претстави, околу 10 торза и релјефи, а реализирал и 40-тина споменици и спомен-обележја во Македонија, во регионот и во светот.

– Неговите дела се наоѓаат и во повеќе приватни и јавни збирки, во галерии и во музеи ширум светот. Во текот на повеќе од 50 години активно творештво, Томе Серафимовски учествувал на околу 300 групни и колективни изложби, а реализирал над 30 самостојни изложби во земјата и во странство. За своето творештво добитник е на многубројни награди и признанија, рече Камбовски.

Уметничкото творештво на академик Серафимовски, нагласи претседателот на МАНУ, е располано на сите страни на светот, но најмногу е концентрирано на балканскиот простор низ кој тој бродел и броди во својот континуиран творешки стремеж да го претстави него како уникатен културен и духовен образец, низ уметничко доживување и толкување што најлесно може да ги обеснажи неправедно создадените негативни историски стереотипи.

Додаде дека филмуваното претставување на животниот и творечкиот пат на академик Серафимовски, чија проекција се одржа денеска по повод неговиот роденден, е израз на признание за огромниот придонес на неговото творештво кон уметноста и културата во Република Србија, показ на неговата универзална вредност и потврда на традиционалното македонско-српско пријателство и на почитта кон МАНУ.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска