Проекција на шведскиот филм „Не плачи“ во Кинотека на Македонија

Од:

Во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде прикажан шведскиот филм „Не плачи“ на режисерите Монс Морлинд и Бјорн Стајн. Прикажувањето на филмот е во соработка со Амбасадата на Шведска.

„Не плачи“ е филм чија приказна се заснова на музиката на најпознатиот пејач и текстописец во Шведска – Хокан Хелстром. Под режисерската палка на Монс Морлинд и Бјорн Стајн, шведскиот актер Адам Лундгрен одлично го портретира младиот Пол, главниот лик околу кој се плета целата приказна на „Не плачи“.

Во градот Гетеборг на шведскиот западен брег, Пол сонува да успее со својата музика. Но, тој се соочува со една огромна пречка – себеси. Во филмот приказната не води низ емотивното патешествие на Пол од неговите пријателства и тегоби, преку љубовта и предавството, до она што станува негова животна определба…

Филмот е снимане 2013 година, а главната улога ја толкува Адам Лундгрен.

Филмот е со превод на англиски и македонски јазик.

Оваа година филмовите премиерно ќе се прикажуваат еднаш месечно во Кинотека, а потоа своето второ прикажување ќе го имаат во некои од градовите низ републиката или во алтернативни простори.

Следното прикажување на овој филм ќе се одржи на 3 јули, во 20:00 во молот во Рамстор во Скопје.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ