Проекција на шведскиот документарец „Фини луѓе“ во Кинотека

Од:

Во организација на Амбасадата на Шведска, во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде прикажан шведскиот документарен филм „Фини луѓе” во режија на Карин аф Клинтберг и Андерс Хелгесон, снимен во 2015 година.

Филмот раскажува приказна за група млади луѓе кои бегаат од војната во Сомалија и се населуваат во Борланге, мал град северно од Стокхолм, каде процесот на интеграција оди тешко. Локалниот претприемач Патрик Андерсон добива идеја да го користи спортот како мост кој ќе ги доближи луѓето едни кон други. Сака да го создаде првиот сомалиски национален тим во банди (спорт кој е сличен на хокеј) и да го подготви за учество на Светското првенство во Сибир, иако членовите на тимот никогаш претходно не лизгале. Изгледа како невозможна задача, но Андерсон е убеден дека на ваков начин ќе им помогне на овие млади луѓе да станат дел од Борланге.

– Всушност, ова е приказна за расизам, страв и предрасуди, но и за храброста да се направи нешто првпат, како и за значењето на културата, спортот и истрајноста во надминувањето на бариерите и сплотувањето на заедницата. Филмот е добитник на награда од публиката на Интернационалниот фестивал на документарни филмови во Будимпешта и Филмскиот фестивал во Хамбург, соопшти Шведската амбасада.

Документарецот е преведен на македонски и англиски. Влезот за посетители е слободен со претходна резервација на билети во Кинотеката.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска