Проекција на „Приказни од Стокхолм“ во Кинотека на Македонија

Од:

Во Кинотека на Македонија,  вечер во 20 часот премиерно ќе биде прикажан шведскиот филм „Приказни од Стокхолм“ во режија на Карин Фален.

Проекцијата на филмот снимен 2014 година, е во организација на Амбасадата на Шведска.

Шведската филмска критика со суперлативи се изјасни за филмот. Според „Свенска дагбладет“, станува збор за еден од најдобрите шведски филмови на годината. „Гетеборг постен“ се изјасни дека е тоа филм од висок интернационален калибар, а „Мувизајн“ дека се тоа незаборавни шведски „Кратки приказни“.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Мртин Валстром, Јонас Карлсон, Јулиа Регнарсон и Филип Берг.

Би можело да ве интересира

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола