Проекција на филмот „Македонец” во Прага

Од:

Во Прага утре ќе биде прикажан филмот „Македонец” на Петро Алексовски, македонски филм кофинансиран од Полскиот филмски институт.

Филмот ја доловува судбината на македонските и на грчките деца кои ја напуштија родната земја по Граѓанската војна во 1946-1949 година во Грција. Ја опфаќа судбината на дел од децата, кои тогаш беа евакуирани и распространети во различни поранешни социјалистички земји како Југославија, Романија, Чехословачка, Унгарија, СССР и Бугарија.

Филмот е снимен по повод 65-годишнината од пристигнувањето на децата-бегалци во земјите од Источна Европа.

Премиерно беше прикажан на 31 мај годинава, на филмскиот фестивал во Краков.

На филмската проекција е планирана и дискусија со авторот.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ