Проекција на филмот „Црно Семе“ вечер на „Охридско лето“

Од:

Во знакот на македонската кинематографија, со проекцијата на познатиот филм „Црно Семе“ на режисерот Кирил Ценевски од 1971 година ќе мине 25. ден од годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.

Филмот е работен според сценарио на Ташко Георгиевски, а зборува за истрајноста во одбраната на идентитетот на единката, народот.

– Може ли да се избрише минатото на еден народ? Во секоја една нишка, а не, пак, народ, кој зад себе го има вековното паметење и во тоа паметење го има него, се има себеси (единката или народот), вели во своите сеќавања Ташко Георгиевски.

Кирил Ценевски е филмски режисер и сценарист. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимава уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски, во филмот „Цената на градот“ во 1970 година.

Во 1971 година Ценевски го режира филмот „Црно семе“, за кој добива повеќе награди меѓу кои „Златна арена“ за режија на фестивалот во Пула, „Златен венец“ за најуспешно деби, 11 Октомври и други. „Црно семе“ е посебно важен за актерот Дарко Дамевски, бидејќи за својата главна улога во овој филм, ја има добиено „Златната арена“ за најдобра машка улога во 1971 година во Пула и уште многу други награди.

Проекцијата на филмот е предвидена во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток од 21 часот, а влезот и слободен.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма