Проекција на документарниот филм „Граѓанин Европа“

Од:

Документарниот филм „Граѓанин Европа“ во режија на Ангелики Аристомонопулу и Андреас Апостолидис ќе биде прикажан денеска на Филолошкиот факултет, информираат од Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“.

Филмот раскажува пет приказни на учесници во програмата „Еразмус“, кои работат, учат и волонтираат низ Европа. Младите протагонисти за прв пат ги напуштаат своите домови за да си докажат дека можат да преживеат во непозната средина. Млади од Франција, Германија, Полска, Бугарија и Етиопија патуваат за Литванија, Финска, Грција и Ирска и мораат да се адаптираат на различни култури и менталитет.

Филмот прави споредба на искуството на денешните млади учесници во програмата „Еразмус“ со првите учесници од 1987 година. Преку стари фотографии и аматерски видеа тие се сеќаваат на Европа каква била и како тоа искуство влијаело на нив. Филмот најмногу им се обраќа на студентите и на младите и им ги претставува европските образовни програми, можностите за студентска размена и стекнување на работно искуство во Европа преку програмата „Еразмус“.

По проекцијата, како што наведуваат од Здружението „МакеДокс“, ќе се одржи панел-дискусија со студентите и со претставници на Националната агенција за европски образовни програми и на Делегацијата на Европската Унија. Дискусијата ќе се одвива на англиски јазик и ќе ја модерира Тања Кригер, директорка на Гете-институтот во Скопје.

Настанот е бесплатен и отворен за сите поранешни и идни корисници на програмата „Еразмус“ и се реализира со поддршка на Moving Docs и Гете Институт – Скопје, се наведува во соопштението од „МакеДокс“.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Документарците на Горан Радовановиќ за Душан Макавеев и Петер Хандке на филмската програма на Кинотека

Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Ана Ололовска