Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Од:

На железничката станица „Овче Поле“ вчера се снимаше краткиот документарен филм „Возот кој никогаш не дојде“, приказна за доселувањето на прогонетите Македонци од Егејска Македонија и нивното пристигнување во Овче Поле, дополнета со изведба на старата македонска песна „Врба ми никнала там Солунско поле“.

Минатиот месец, на неколку локации во центарот на Скопје, се снимаше видеозапис за песната „Добродошле китени сватови“, која претставува заштитен знак на ансамблот „Македонија“ и прикажува поинаква приказна за работата на членовите на еден од најголемите ансамбли во државата.

Како што соопшти продукцијата „Аристон“, веќе се прават подготовки за снимање на „Овчеполските народни носии“, „Македонските свадбени обичаи“ и „Македонско оро“ – кратки документарни филмови со ансамбл „Македонија“ во продукција на „Проспериум филмс“ и „Аристон“.

Промоцијата на „Овчеполско оро“ се одржа минатиот месец, а околу Илинден се очекува промоција на „Добродошле китени сватови“, а за денот на независноста на државата е планирана промоцијата на „Возот кој никогаш не дојде“.

– Продолжува соработката помеѓу ансамбл „Македонија“, продукција „Аристон“ и „Проспериум филмс“. Откако во 2020 година беше сниман краткиот документарен филм „Овчеполско оро“ во дворот на црквата „Свети Никола“ во Свети Николе, годинава беа снимени неколку видеозаписи за претставување на македонското културно наследство, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Документарците на Горан Радовановиќ за Душан Макавеев и Петер Хандке на филмската програма на Кинотека

„Крпен рурален живот“ – краток документарец за борбата на руралната жена во општеството

Ана Ололовска