Продолжуваат истражувањата на локалитетот Коколов рид

Од:

Во тек се археолошките истражувања на локалитетот Коколов рид во с. Виничка Кршла како проект од национален интерес финансиран од Министерството за култура на Република Македонија за 2016 год.

– Истражувањата се одвиваат шеста година по ред во организација на локалниот археолошки и историски музеј Теракота од Виница како систематски истражувања и според предвидениот план за оваа година се работи на доистражување на просторот меѓу праисториските тумули од бронзеното и железното време, кој подоцна бил искористен за погребување со кремации во периодот од 2- 4 век од нашата ера, истакна Јулијана Иванова, археолог и директор на музејот од Виница.

Оваа година, истакнува Иванова, е планирано да се направат и контролни сонди на источната тераса на теренот која даваше показатели дека некрополата се простира на источната страна со цел да се определат границите на локалитетот.

Паралелно со истражувањата на локалитетот тече и Проектот за конзервација на керамички материјал од Коколов рид пронајден во 2014 год. и 2015 година под раководство на лиценцираниот конзерватор за керамика Перо Кованцалиев.

Во врска со презентацијата на конзервираниот и реставриран материјал од истражувањата во 2014 година, музејот Теракота изложи витрина со реконстукција на погребување со кремација од 2-3 век која е дел од постојаната поставка на музејот.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска