Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Трештена Стена

Од:

Со финансиска поддршка од Министерството за култура, стручни лица од прилепскиот Завод и музеј, во рамки на програмата за заштита на културното наследство, и оваа година ги продолжија истражувањата на енеолитската населба на локалитетот Трештена Стена во близина на мариовското село Чаниште, Прилепско.

– Овие истражувања уште еднаш ги потврдија очекувањата дека животот во населбата се одвивал во континуитет така што врз една разурната населба се градела друга, соопшти денеска Министерството за култура.

При ископувањата се пронајдени голем број фрагменти од култни масички-жртвеници, антропоморфна пластика во фрагментирана состојба и фрагменти кои укажуваат дека фигурините биле во стоечка, седечка или полуседечка состојба.

Трештена Стена се истражува од 2001 година и претставува значаен локалитет затоа што е единствениот во Македонија во кој има уникатен начин на врежување на предметите, односно браздесто врежување со шилесто орудие. Досега е утврдено дека локалитетот датира од времето на доцниот енеолит, односно од бакарното време.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска