Пристапна изложба на Григор Чемерски

Од:

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечер ќе биде отворена пристапна изложба на слики „Води и пловидби – Земни плодови“ на македонскиот сликар, графичар и мозаичар Глигор Чемерски.

Со изборот на сликите и циклусите, поставени на оваа изложба, Чемерски на свој начин есеизира за сопственото сликарство.

Григор Чемерски е роден во Кавадарци во 1940 година. Се образувал во Скопје, Белград и Париз. Академија на ликовни уметности завршил во Белград во 1963 година во класата на Ѓорѓе Андреевиќ – Кун. Постдипломски студии завршува 1965 на истата академија, а како стипендист на француската Влада престојува во Париз во 1969 и 1970 година. Оттогаш често престојува, работи и изложува во Париз. Од 1983 до 2003 година е еден од постојаните сликари на Галерие ду Фелуве во Париз. Студиски престои има во Египет, Грција, Италија, Холандија, Шведска, САД.

Првата самостојна изложба ја одржал во Скопје во 1962 година, а потоа следуваат над триесетина самостојни изложби како во Македонија така и во светот. Во октомври и ноември 2010 година во Националната галерија во Македонија – Даут пашин амам и Чифте амам се одржа неговата ретроспективната изложба „50 години творештво“. Добитник е на многубројни национални награди за сликарство.

Дел од неговите монументални дела во Скопје се Мозаиците во палатата на Претседателот на државата и Фреската во централната на Стопанска банка.

Застапен е во колекциите на Ватиканскиот музеј, Светската банка, Музејот на современа уметност, Нацоналната галерија, Собранието на Република Македонија, Кабинетот на Претседателот, Музејот на современа уметност во Белград, Современа галерија Будва, Меѓународната колекција Свети Кирил и Методиј во Софија, Музејот на уметностите во Фејетвил, Северна Каролина, САД и други.

Исто така негови дела има во многу приватни колекции како во земјата, така и надвор од неа.

Чемерски од 2012 година е редовен член на МАНУ, а во 2013 година е примен за почесен член на Руската художествена академија-Имперјална.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска