Примерок од романот „Хари Потер“ со белешки од авторката продаден за 150 илјади фунти

Од:

Примерок од првото издание на „Хари Потер и каменот на мудроста“, кој содржи белешки и оригинални илустрации од авторката Џоуан Роулинг, беше продаден синоќа на аукција во Лондон за 150 илјади фунти.

Аукциската куќа Садеби соопшти дека романот преминал во рацете на анонимен купувач, кој наддавал преку телефон.

Меѓу белешките на авторката се и напомени за процесот на пишување и дел од првиот нацрт на романот. Еден од нив покажува и како авторката на бестселерот го измислила спортот „квидич“.

Книгата содржи 22 илустрации од авторката – цртеж на Хари Потер како бебе додека спие на куќниот праг и слика од Албус Дамблдор од „чоколадна жаба“, кој се спомнува во книгата.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ