Презентиран проектот „Стар современ град“

Од:

Завршната презентација на проектот „Стар современ град“ се одржа синоќа во Сули ан, со поддршка на Министерство за култура и Град Скопје.

Проектот, кој на публиката ѝ овозможи уникатно визуелно искуство, е на Матеа Дрецкин, кој е негов концептуален и идеен автор, а е реализиран со соработка со визуелните уметници Борис Ристевски, Сермедије Бериша и Ивана Мојсовска.

– Среќен сум со реализацијата на проектот на кој работевме посветено и во кој вложивме многу љубов. Како млади уметници ќе продолжиме со ваквите проекти и активности кои позитивно влијаат врз уметничката сцена и културната матрица во Македонија, изјави Дрецкин.

Дел од сложувалката на „Стар современ град“ во Лавиринтот на Дрецкин беше и присуството на современите танчери Бобан Русески, Јована Зајкова, Тереза Лазарев и Сара Цветковска од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, во кореографија на Адријана Данчевска, кореограф и танчер при Скопје танцовиот театар. Амбиентот беше дополнет со музика креирана од музичарот Тома Димовски.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска