Претставување на „Танец“ на Експо 2025 во Осака

Од:

Претставувањето на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ од Скопје на Експо 2025 во Осака има огромно значење и повеќекратна важност, и тоа на многу нивоа:
• Промоција на македонската култура и идентитет на глобално ниво;
• Ја претставува вистинската изворна слика за Македонија – „Танец“ е синоним за македонскиот фолклор и традиција. Нивното присуство овозможи на милион луѓе од целиот свет да се запознаат со автентичната македонска музика, ора, носии и обичаи. Претста-вувањето на Ансамблот „Танец“ беше одлична можност да се претстави богатото културно наследство на Македонија во неговата форма, далеку од стереотипите и предрасудите;
• Гради позитивен имиџ – учеството на престижен настан како Експо 2025, со врвен ансамбл каков што е „Танец“, придонесува за градење позитивен имиџ на Македонија како земја со богата култура и традиција, отворена за соработка и резмена;
• Културна дипломатија или т.н. мека дипломатија – преку уметноста, „Танец“ ќе делува како културен амбасадор, градејќи мостови на разбирање и пријателство меѓу Македонија и другите народи. Ова е важен аспект на културната дипломатија;
• Зголемена на видливост и атрактивност на Македонија;
• Привлекување туристи – впечатливите настапи на „Танец“ можат да разбудат интерес кај посетителите на Експо 2025 да ја посетата
Македонија и да го искусат нејзиното културно богатство одблизу. Ова може да има позитивен ефект врз развојот на туризмот;
• Потенцијал за економска соработка – културната промоција честопати отвара врати и за економска соработка. Познанството со македонската култура може да поттикне интерес за други аспекти на земјата, вклучувајќи ги и економските можности;
• Можност за културна размена и учење – меѓународната афирмација на Ансамблот. Учеството на Експо 2025 е уште една потврда за високиот уметнички квалитет и значење на Ансамблот „Танец“ пред меѓународната сцена;
• Запознавање со други култури – преку учеството на Експо 2025 уметниците на „Танец“ имаа можност да се запознаат со културите на други земји, да разменат искуства и да научат нови вештини;
• Соработка со други уметници – можно е да се остварат контакти и потенцијални соработки со уметници и културни институции од други земји.

Накратко, претставувањето на Ансамблот „Танец“ на Експо 2025 во Осака е исклучително важно за промоција на македонската култура, зајакнување на меѓународниот углед на земјата во севтското семејство на народите, стимулирање на туризмот и економската соработка, како и за зачувување и афирмација на македонскиот фолклор на глобално ниво. Тоа е инвестиција во културната иднина и меѓународно позиционирње на Македонија.

Со ваква стратегија Министерството за култура и туризам и министерот Зоран Љутков, дава сигурен став дека неговата работа и слух за уметноста е на највисоко ниво и со самото тоа дава демант на изјавата на г. Лукаревска изјавена во „Само вистина“, на ден 05.05.2025г.

И на крајот, „Танец“ е незаменлив репрезент на изворниот македонски фолклор, живата лична карта на македонскиот 7/8 такт.

Би можело да ве интересира

Спектакл на “Танец” во Подгорица по повод “Денот на независноста”

Ансамблот Танец в четврток заминува на балканска турнеја

Анамблот Танец на македонските летни сцени како дел од чествувањето на 75-годишнината

„Танец“ организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ

Почнува 61. Балкански фестивал на народни песни и игри

Традиционален новогодишен концерт на „Танец“

Ана Ололовска