Претставување на кураторскиот проект „Каде да (не) одиме?“ во Њујорк

Од:

„Каде да (не) одиме?“, е насловот изложбата која од 23 февруари до 8 март ќе биде отворена во Галеријата МЦ во Њујорк. Настанот е во организација на проектен простор „Прес ту егзит“, а куратор на изложбата е Јованка Попова.

Проектот се фокусира на историските и политичките пресврти кои се одразени во сегашниот изглед на градот. Истовремено, го поставува прашањето за тоа дали урбаното го препознаваме како јадро на социјална солидарност или како простор за остварување на разновидни политички агенди, и на кој начин се справуваме со моќта и нејзиното директно влијание врз урбаниот развој.

Преку деконструирање на процесите на илустрирање, архивирање, документирање и изведување, уметниците се соочуваат со мноштвото контрадикции со кои во Македонија се обидуваме да опстојуваме.

11004769_10206222369693395_1426767995_n

Осврнувајќи се на теми како што се: историскиот и урбан развој на Скопје, социјалната нееднаквост, политичката, културна и економска репресија врз маргинализираните, скорешните несоодветни образовни реформи и редизајнирање на традиционалните вредности, претставените уметниците не отстапуваат од потребата за аргументирање и натамошно истражување на нивните индивидуални позиции. Оттука, „каде да (не) одиме?“, всушност се однесува на она – „зошто да чекаме повеќе?“. Вниманието е свртено кон она што е лево ориентирано и неискажано, она што се огласува зад тишината на сивата документација, граничните точки во кои дискурсите се оспорени или пак генерираат контра-дискурси.

Изложбата е конципирана во четири целини во кои се групирани по три дела од поновата продукција на дванаесет современи македонски автори. Со свои дела ќе бидат претставени Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Александар Ковачевски, Владимир Лукаш, Нада Прља, Даниел Серафимовски, Тихомир Топузовски, Никола Узуновски, Неда Фирфова и Јане Чаловски.

Screenshot_13

Проектниот протор „Прес ту егзит“ е основан од уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски, во 2014 г., како платформа за истражување и продукција во полето на визуелните уметности и кураторски практики. Намерата на платформата е да креира колаборативен контекст и партнески вмрежувања меѓу Македонија, Западен Балкан и интернационални уметници, куратори и културни работници чија цел е натамошен развој на критички дијалог и културна размена. Платформата е исто дизајнирана со намера да го прошири знаењето за интелектуалните и практичните задачи во процесот на продуцирање изложби на современа уметност, особено во комплексни општествени и културни ситуации на денешниот дневно социо-културен, политички и економски контекст во кој урбаните и уметнички институции и независни уметнички платформи, функционираат.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ