Претставник на Стрип-центарот на Македонија учествуваше на колонијата „Рашка 2018“

Од:

Сценаристот Александар Стеванов од Штип беше претставник на Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес на 7. Меѓународна стрип-колонија „Рашка 2018“ која деновиве се одржа на брегот на Семетешко Езеро, во близина на Рашка во Србија. Покрај Стеванов, на колонијата учествуваа и автори од стрип-школите од Белград, Лесковац, Никшиќ и од домаќинот Рашка.

Во рамки на колонијата беше промовиран петтиот број на српската стрип-ревија „Рас комик“, во која е објавен стрип од 12 страници на Стеванов и на илустраторот Дарко Богданов од Виница.

Од СЦМ-Велес информираат дека меѓу триесетината учесници на колонијата „Рашка 2018“ биле авторите Владимир Весовиќ, Горан Трајковиќ, Милош Цветковиќ, Илија Никчевиќ и Машан Савелиќ, а предавања одржале членови на некогашната култна уметничка група „Београдски круг 2“, Жељко Пахек и Бојан Ѓукиќ.

– Покрај споделените искуства и договорените идни меѓународни проекти и соработки, на маргините на оваа манифестација беше претставен дел од поновата македонска стрип-продукција, вклучително и последните два броја на магазинот „Стрип креатор“, информираат од СЦМ-Велес.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он