Претставите на Кумановскиот и на Драмски на репертоарот на МТФ „Војдан Чернодрински“

Од:

Уште две претстави во конкуренцијата за награди се денеска на програмата на 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што почна во петокот и ќе трае до 8 октомври.

Од 18 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ е претставата на кумановскиот театар „Вообразен болен“ од Молиер, во режија на Драгана Гунин, а од 21 часот во прилепскиот театар е претставата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска во режија на Нела Витошевиќ, а во продукција на Драмски театар од Скопје.

Од отворањето на Фестивалот, публиката во Прилеп виде три од 13-те претстави во официјалната програма: „Мој термин на МНТ, „Вечера за глупаци“ на театар Комедија и „Глембаеви“ на прилепскиот театар. Вчера беше промовирана книгата „Невидливите“ од авторот Тена Штивичиќ.

Утре напладне во фоајето од прилепскиот Центар за култура, во рамките на Фестивалот, ќе се одржи трибина на актуелната тема „Театарот во Ковид 19, проблеми и решенија“. Модератор ќе биде уметничкиот директор Катарина Коцевска Хаџивасилева.

Би можело да ве интересира

Пет награди за Драмски театар на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

„My name is Medeja“, „Несфатената цивилизација“ и „Елегија во пет здива“ вечерва на фестивалот во Прилеп

Ана Ололовска

МТФ „Војдан Чернодрински“ со разговори на тркалезната маса и две нови претстави во официјалната програма

Ана Ололовска

Ден на независната продукција со претстави по текст од македонски автор на МТФ „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

„Црнила ремикс“ гостува на Могилата на непобедените во Прилеп, во чест на Коле Чашуле – авторот во фокус на МТФ „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

Четири награди за претставата „Народен непријател“ и Македонскиот народен театар на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска