Претставите на Албанскиот театар-Скопје и Велешкиот театар денеска на МТФ „Војдан Чернодрински“

Од:

На претпоследниот ден од 48. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, вечер се последните три претстави од кои две во официјална конкуренција за награди.

Од 19.30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ Албанскиот театар од Скопје ќе ја одигра претставата „Прст“ од  Дорунтина Баша во режија на Агон Муфтари. Од 22 часот на сцената од Прилепскиот театар е последната претстава во конкуренцијата за награди –  „Ноќите во бел сатен“ од Братислав Димитров во режија на Ненад Витанов на театарот од Велес.

На полноќ, во придружниот дел од фестивалската програма, е  претставата „Делириум за двајца“ од Ежен Јонеско, дипломска претстава на студентите од ЕСРА-Скопје.

Утре напладне ќе бидат соопштени наградите за најдобрите остварувања на годинашниот фестивал, меѓу кои и за најдобра претстава во целина.

Фестивалот ќе биде затворен утревечер со доделување на наградите и со претставата во чест на наградените, „Ах, љубов моја“ од Коле Ангеловски во продукција на Театар „Комедија“ од Скопје.

МТФ се одржува од 7-ми до 14 јуни. Публиката имаше можност да види 21 претстава, од кои за награди конкурираат 13 претстави на професионалните македонски театри.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“