Претстави на Струмичкиот и Охридскиот театар на МТФ „Војдан Чернодрински“

Од:

На програмата на 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ денеска се две претстави во официјалната конкуренција за награди и промоција на театарска литература.

Напладне во фоајето на Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе бидат промовирани драми од Владимир Костов и Димитар Ќостаров. Промотор е театрологот Ана Стојаноска.

Од 19 часот во големата сала на Домот на културата „Марко Цепенков“ ансамблот на Народниот театар од Струмица ќе ја изведе претставата „Крвави свадби“ од Фредерико Гарсија Лорка во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Од 22 часот, пак, во Прилепскиот народен театар публиката ќе ја гледа претставата на театарот од Охрид – „Детектор за лаги“ од Василиј Сигарев, во режија на Ненад Витанов.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он