Претстави и презентации за крај на седмото издание на фестивалот „Локомоушн 7“

Од:

Вечерва завршува седмото издание на фестивалот за современ танци перформанс „Locomotion # 7“.

Оова е програмата за вечерва:

18:00 Презентација: АПАП – Проект за унапредување на изведувачките уметности @Менада

Локомотива започна соработка со АПАП – европска мрежа за изведувачки уметности (http://www.apapnet.eu/) со цел да даде поддршка на одредени македонски уметници во 2014/2015. Во рамки на оваа соработка беше овозможена и резденција во Берлин на Климент Попоски и Викторија Илиоска за развој на перформансот “Причина за болеста” кој ќе може да се проследи истата вечер во РИЦ. Партнерите на мрежата се и гости на фестивалот кои ќе ја презентираат работата на мрежата.

АПАП е европска мрежа, која е основана во 2000-та и оттогаш има развиено повеќе од 150 уметнички проекти. Се фокусира на размена меѓу уметничките активности, културни работници и нивните практични знаења. АПАП воспоставува врска меѓу интернационалните и локалните аспекти на изведувачите уметности.

Проектот е финансиран со поддршка на Европската комисија.

20.00 Претстава: ТЕХНИКИ НА МАНИПУЛАЦИЈА НА ДВИЖЕЊЕ/ КОРЕОГРАФСКИ АЛАТКИ КАКО СРЕДСТВА НА МАНИПУЛАЦИЈА НА ДВИЖЕЊЕ/ Искра Шукарова

@РИЦ (Рисимкин Истражувачки Центар)

Во улогите, кореограф: Искра Шукарова/изведувач: Викторија Илиоска

Во овој процес манипулацијата е ставена како главно средство на кореогафијата, за да се креира јазик на движење. Средствата за манипулација се поставени помеѓу кореографот во улога на создавач на танцот наспроти изведувачот/танчерот. Публиката е сведок на релациите помеѓу воспоставените улоги на „кореографер“ и „изведувач“, гледајќи ги нивните различни начини на интерпретирање како дел од процесот. По прецизно кореографот во улога на некој што задава задача и изведувачот како некој што ја извршува. Процесот евентуално би водел до дефинирање на нови перформативни аспекти на средствата за кореографија во релација со самиот танц, како независна и интегрална форма, која егзистира во ист простор.

20.30 Претстава: ПРИЧИНА ЗА БОЛЕСТА_Климент Попоски (Македонија/ Австралија) и Викторија Илиоска (Македонија)

@РИЦ (Рисимкин Истражувачки Центар)

Звук и виедео: Тања Рибарска (Македонија)/Драматургија: Рок Вевар(Словенија)/ Благодарност до: Милка Ивановска///Изведувачи: Викторија Илиоска, Климент Попоски, Тања Рибарска

Причина за болеста – Живеејќи во контекстот на присилно спроведување на нови закони и прописи, секојдневно се соочуваме со ограничувања и забрани, или пак не? Дали слободата ни е достапна само во нашите умови откако јавните простори се јасно дефинирани и со цена? Можеби треба да земеме траен престој во митологијата…таму слободата се чини возможна. Перформансот беше развиен за време на резиденцијата во Tanzfabrik, Берлин, како дел од соработката на Локомотива и LIBERO, партнер на АПАП http://www.apapnet.eu/.

lokom

21.00 Претстава: ДВИГАТЕЛ_Александра Јанева Имфилд (Хрватска/Белгија)

@РИЦ (Рисимкин Истражувачки Центар)

Кореограф/ Move-r/ во соработка со изведувачите – move-ers: Александра Јанева Имфилд /// танц – изведба/ Move-rs/: Ана Внучец, Мартина Томич, Ана Мрак, Дина Екштајн, Матеа Билосниќ, Бранко Банковиќ, Бруно Исаковиќ ///Move-r + : Босиљка Вујовиќ Мажуран /// Звук: Мартин Живковиќ /// Дизајн на костими: Силвио Вујичиќ /// Дизајнер на сет: Силвио Вујичиќ, Младен Донадини и Двигателите///Дизајн на светло: Александар Чавлек///Фотографија: Александра Јанева Имфилд и Ива Коренчиќ ///Соработник: Вишња Хорват///Продукција: Studio za suvremeni ples u koprodukciji во соработка со Croatian Institute for Movement и Dance through Dance Week Festival///Уметнички директор: Босиљка Вујовиќ Мажуран ///Продуцент: Бранко Банковиќ

Овој перформанс беше овозможен со финсиската поддршка на Град Загреб и Министерството за култура на Република Хрватска

MOVE-r: (Двигател): Она што се придвижува и секогаш е во движиење во оваа изведба е мутацијата на нашето авторството како група, за време на која со примена и трансформација на различни пристапи и системи на работа, заеднички ги созадваме сите верзии на изведбата.

Ја движиме групата заеднички навлегувајќи во зона во која е можна секаква дискусија, во која еден особен детал од изведбата секогаш претрпува измена – тоа може да е просторот, времет или личноста која се наоќа во специфична положба; при што е тешко, можеби невозможно, да се сопре процесот или да се дефинира дека нешто е завршено. Сметаме дека е невозможно да се повтори било кое движење на потполно ист начин. Ние го нудиме секој момент за користење од страна на било кого и работиме групно за да го видоизмениме во нешто поинакво. Преку методите на копирање и мутација креираме нови оригинали.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска