Претставена книгата „Да не бидам покусо“ од Звездан Георгиевски

Од:

Синоќа, на манифестацијата Летни уметнички ноќи на улица Самоилова,во организација на „Култура 365“, беше претставено најновото прозно дело од Ѕвездан Георгиевски, со наслов „Да не бидам покусо“.

Ѕвездан Георгиевски е реномиран македонски новинар, колумнист и уредник во повеќе редакции.

Основач е на првото приватно радио во Македонија, „Канал 4“, превел десетина книги, уредил неколку зборници, литературни и публицистички дела. Во моментов работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“. Автор е на романот „Една недела во животот и смртта на Гроздан“ и публицистичкиот труд „Урбани топоними“.

Книгата „Да не бидам покусо“ претставува збирка од куси раскази и кратки форми, т.н. „едноминутни новели“ создадени под влијание на родоначалникот на овој жанр – Иштван Еркењ, но и на други автори на куси раскази како Хармс и О’Хара. Тематски се движат меѓу надреалното и апсурдот, често навлегувајќи во магичниот реализам.

За ова прозно остварување на Георгиевски зборуваше Славе Ѓорѓо Димоски.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Промоција на книгата „Креативност во работа со деца“

А1он

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ