Претставата „За секого има по една“ во Театар Комедија со превод на англиски

Од:

Театар Комедија претставата „За секого има по една“ од бардот на македонската модерна драматургија Венко Андоновски, на 21.05 (среда) ќе ја одигра  со превод на англиски јазик.

Како што информираат од Театарот, оваа активност се реализира со поддршка од Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, а во интерес на достапноста на театарската уметност до странските државјани, туристи и дипломатскиот кор во Република Македонија.

Со ова ќе се поддржи меѓусебната социјализација и комуникација на странските државјани во Република Македонија. Театар Комедија, се наведува, играњето на своите претстави со англиски превод ќе го воведе во праксата на својата репертоарска политика.

– Од досегашното искуство, присуството на странските државјани на културните настани во Македонија, било најмалку забележано на театарските претстави поради јазичната бариера. Со овој чекор се надеваме дека ќе ја отстраниме таа пречка и дека странската публика ќе стане дел од нашите полни сали, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он