Претставата „Травничка хроника“ пред странски „набљудувачи“ и менаџери

Од:

Претставата „Травничка хроника“ што ќе биде изведувана од 2 до 10 април во Битолскиот театар ќе ја гледаат менаџери на театри од 11 држави во Европа со цел нејзино селектирање за тамошните фестивали и други манифестации.

Според директорот на НУ Народен театар – Битола Валентин Светозарев, Битолскиот театар се наоѓа пред уште еден меѓународен предизвик, „Травничка хроника“ на Иво Андриќ во режија на Бранко Брезовец, освен во Хрватска, да гостува и во други држави низ Европа.

– Во Битола ќе престојуваат менаџери на театри, критичари, селектори на фестивали и други врвни уметници од „Агносис култура“ Атина, „Еуросцена“ Лајпциг, од Фиренца доаѓа „Фабрика Европа“, претставник на Фестивалот на театарот во Истанбул, на „Цирих театар-спектакл“ и на „Еуроказ“ од Загреб. На наша адреса пристигна и потврдата за следење на битолската претстава од страна на претставник од „ЕксПонто“ Љубљана, „БИТ“ Берген, Фестивал „Пасаж“ во Мец и менаџерите на театарски манифестации што се одржуваат во Минхен и Брисел, истакна Светозарев на денешната средба со новинарите.

Битолскиот театар на 1-ви март годинава на матичната сцена ќе ја изведе претставата „Јане Задрогаз“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Георгиевски, а собраните средства ќе бидат донирани за обнова на неодамна опожарениот и во целост уништен планинарски дом „Копанки“ на Баба Планина.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“