Претставата „Сината птица“ премиерно во МНТ

Од:

Претставата „Сината птица“ од Морис Метерлинк во режија на Златко Славенски ќе биде изведена премиерно  во недела вечер во Македонскиот народен театар.

За режисерот, „Сината птица“ е голем предизвик за, како што кажа, да ја допре побликата, и заедно да ја доживеат приказната за двете деца кои сонуваат.

– „Сината птица“ ќе биде пресвртница за целата актерска екипа бидејќи вложија многу, а особено тоа што внесоа и лична доза на искреност. Не мислам дека ги пробивме звучните ѕидови на светската естетика, но мислам дека пробивме некои наши ѕидови што сум сигурен дека се заразни за публиката, истакна Славенски на прес-конференцијата по повод премиерата.

Според режисерот, Метерлинк е многу потценет што не е набројуван меѓу Шекспир, Чехов … – Метереленк има една многу специфична филозофија на светот. Погледнете ја иронијата,  во ова време искреноста или чистиот поглед на светот го нареков „специфичен“, додаде Славенски.

Дарија Ризова, Наталија Теодосиева, Сашка Димитровска, Славиша Кајевски, Арна Шијак, Олгица Милевска, Сашко Коцев, Тина Трпкоска, Васил Зафирчев, Весна Петрушевска, Ѕвезда Ангеловска, Борче Начев, Катина Иванова … ја сочинуваат актерската екипа, сценографијата е на Златко Славенски и Илина Ангеловска, костимографија Никола Ефтимов, а видео анимациите и звучните ефекти Милчо Узунов.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он