Претставата „Планински џинови“ проект на пет малцински театри меѓу кои и Албанскиот театар во Скопје и театри од Италија, Романија, Хрватска и од Србија, во режија на маестро Паоло Маџели ќе биде изведена утревечер на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерот Маџели, кого го врзуваат вели убави спомени од гостувањата и работата во Скопје, идејата да се зафати со ваков проект произлегла од неговата потреба по сите успешни проекти и претстави во театрите низ Европа и Америка и искуството на промотор во ЕТС-една од најголемите светски организации, која под своја закрила ќи обединува најрелевантните светски театри, да направи нешто за малцинствата, кои ги смета за нејнемоќни.
Според него, проблемот на малцинствата е што секое од нив си одредува еден геополитички простор и тенденцијата е да се работи во мало место и некогаш да се мисли на нешто големо. За свој предизвик тој го зема и најавува дека ќе работи на спојување на малцинските театри со надеж дека еден ден ќе се создаде една голема организација од вакви малцински театри.
– Во Европа има педесетина вакви театри и мој сон е да ги спојам и да ги научам како работеше ЕТС за да дојдат до средства за да почнат да функционираат заедно. Од друга страна кај мене постои едно природно политичко мислење дека малцинствата се единствена гаранција дека се уште постои зрак на демокрaтија, вели Маџели.
Во претставата по текстот на Пирандело, ја темели на два збор кои се многу присутни во политичката комуникација, а кои не ги поднесува – толеранција и интеграција и им ги спротивставува зборовите љубов и почитување
– За толеранција би рекол љубов, а за толеранцијата би рекол длабоко, интелетуално, културолошко почитување. Овој проект со сите свои недостатоци, е едно патување во внатрешноста на овие два збора, рече Маџели.
Дел од актерскиот тим во претставата се и актерите Џевдет Јашари и Фисник Зекири од Албанскиот театар во Скопје.
– Ова беше посебно искуство само по себе. На почетокот и не знаевме што не очекува, но работата со ваква фантастична екипа предводена од Паоло беше вистинско задоволство, рече Јашари.
Премиерата на претставата се одигра во Ријека, Хрватска, и досега гостуваше во Трст, Италија, Темишвар во Романија и во Суботица Србија, а патешествието завршува со гостувањето во Скопје.
Претставата во Скопје ќе се игра три вечери на сцената на МНТ, на 26, 27 и 28 април.
Проектот е финансиран со фондовите на ЕУ, а во него покрај Албанскиот театар во Скопје, се вклучени и Италијансата драма при Хрватскиот народен театар во Ријека, Словенечкиот театар од Трст, Италија, Германскиот театар од Темишвар, Романија и театарот „Деже Костолањи“ од Суботица Србија.