Претставата „Буре барут“ со високо меѓународно признание

Од:

Ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Буре барут“ од Дејан Дуковски во режија на Наташа Поплавска е прогласен за најдобар на меѓународниот фестивал НЕТА што се одржа во Враца, Бугарија.

Во соопштението од Центарот за култура „Марко Цепенков“ се наведува дека жирито во состав Нора Макарова од Русија, Веселина Гулева од Бугарија и Тодор Кузманов и Гоце Ристески од Македонија сметале дека ансамблот ја одиграл претставата „Буре барут“ маестрално и токму затоа му ја доделиле наградата за најдобар ансамбл.

Одлуката е донесена откако жирито ја проследило претставата на Прилепскиот театар што се одигрувала во рамки на 26. издание на Фестивалот на камерна сцена кој во Враца се одржа паралелно со фестивалот НЕТА. Двата фестивала се одржаа од 16 до 22 мај, а прилепскиот ансамбл настапи на отворањето на 16 мај.

Ова е второ меѓународно признание за претставата „Буре барут“ и за ансамблот на Прилепскиот театар. Минатата година на актерката Даниела Иваноска и беше доделена наградата за споредна женска улога на фестивалот на глумци во Никшиќ, Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он