Претставата „Безљубни“ утревечер премиерно во Драмски театар

Од:

Претставата „Безљубни“ од Благица Секулоска, во режија на Златко Славенски, премиерно ќе биде изведена утревечер во Драмскиот театар – Скопје.

Директорот на Драмскиот театар, Роберт Вељановски денеска на прес-конференција рече дека станува збор за трета премиера на театарот годинава.

– Првпат по 20 години ќе видите еден релативно добро опремен проект во техничка смисла со нови звучници, со нови аудио миксети, со нови светлосни миксети, со нови рефлектори во Драмскиот театар. Тоа за мене претставува сериозно задоволство што ќе можеме на нашата публика да и понудиме еден искчекор понапред, истакна Вељановски.

Секулоска рече дека „Безљубни“ е текст кој зборува за недостиг на љубов, за човештвото оптеретено од предмети, од материјализам и од несуштественост.

Славенски истакна луѓето доаѓаат во контакт еден со друг во една виртуелна реалност каде се што можете да прегрнете е практично одразот на светлината, она што го гледате.

– Всушност тоа што го гледате практично фактички е мисла. Она што сакавме да го направиме во претставата е дека ние сме онакви какви што сакаме да бидеме. Ние имаме љубов, да го преведам текстот на Благица, колку што сме подготвени да ја имаме, додаде Славенски.

Актерската екипа на претставата ја сочинуваат Сања Арсовска, Димитрија Доксевски, Наташа Петровиќ, Златко Митрески и Александар Степанулески.

Арсовска рече дека претставата ја доживува како предупредување во смисла на тоа дека секој проблем кој се детектира треба да се настојува да се реши што е можно побрзо за да не страдаме. Петровиќ посочи дека претставата се занимава со проблемот на стравот од останување сам по цена на тоа да ја изгубите и најбитната работа во животот, а тоа е љубовта.

Директорот Вељановски на крајот од прес-конференцијата рече дека јавниот оглас за работа во Драмскиот театар за 2016 година ќе биде објавен на 8 мај и ќе заврши на 8 јуни.

Ги повика режисерите, драматичарите кои имаат предлог претстава според категориите кои ќе бидат зададени во огласот, да се јават на огласот. Уметничкиот совет на Драмски театар, појасни ќе ги разгледа сите апликации и ќе донесе одлука која ќе му ја предложи на Управниот одбор на Драмскиот театар со кои предлог претстави театарот ќе аплицира до Министерството за култура, а до крајот на јуни е законската обврска да аплицираат за 2016 година.

– Владата донесе одлука со која јавното приватно партнерство за изградба на објектот на Драмски театар се става ад акта и сега ќе се изготвува проект за изведба само на објект на Драмски театар на истото место, додаде Вељановски.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ