Претстава и музички документарци на Скопско лето

Од:

Во рамки на Скопско лето вечер во Театарот за деца и младинци ќе биде одиграна претставата „Цветната улица“ во режија на Наташа Поплавска, додека во Сули ан продолжува фестивалот Скопје синема сити со проекции на документарните филмови „Уметници за жици“, „Ник Кејв – Пат до господ знае каде“ и „Одмазда на Меконсите“.

Во „Цветната улица“ глумат Владимир Лазовски, Емран Куртишова, Бојан Кирковски, Марија Ѓорѓијовска и Мики Анчевски, костимите се на Александар Ношпал, кореографијата на Олга Панго, додека за музиката се погрижи Џенгис Ибрахим.

Претставата  е инспирирана од едукативните брошури за деца, издадени од Европската унија: „Надеж за племето Кајакос“, „Шампионот Бени“ и „Цветната улица“.

Триминутниот филм „Уметници за жици“ во режија на Александар Јанковиќ и Александар Даутовски зборува за семејството Гиевски кое повеќе од 70 години  изработува жичени инструменти – тамбури, мандолини, гитари, мандоли, примови. Нивната работилница во Старата скопска чаршија е единственото место каде што музичарите можат да набават вакви инструменти, изработувани со љубов и посветеност. Нивната репутација е далеку позната, а нивните инструменти се широко користени од домашните музичари.

„Ник Кејв – Пат до господ знае каде“ е филм на Ули Шупел кој патува заедно со Ник Кејв и Бед Сидс по Америка. Снимен за време на нивната турнеја по САД во 1989 година кога тие се уште биле познат бенд само за одредени кругови, филмот дава убав приказ на животот за време на турнеја на еден рок-бенд кој се пробива до својата поширока публика.

„Одмазда на Меконсите“ на Џо Енџио, пак, зборува за The Mekons, еден од најстарите панк-бендови од Англија кои му припаѓаат на првиот бран на панкот. Филмот ја следи нивната бурна историја – изненадувачки излети во фолк и кантри музиката, излети во светот на уметноста и постојаната лоша среќа со големите издавачки куќи.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022