Претсижни светски награди за уметникот Кашавелски од Куманово за делото „Судбоносно време“

Од:

Кумановскиот академски уметник, Синиша Кашавелски доби уште една награда за неговото дело „Судбоносно време“ (Crunch Time). Како што информираше уметникот, овој пат наградата е во Рим, Италија на „Малмеги Лаб“ која се одржа од 3 до 16 октомври во Piazz di Pietra Fine Art Gallery. Кашавелски учествуваше како селектиран финалист на интернационалниот конкурс

Сликата „Судбоносно време“ оваа година беше претставена на три интернационални престижни сликарски манифестации, при што ги освои врвните награди во соодветните категории во којашто се натпреваруваше, со што само се потврди нејзината актуелност и вистинска вредност.

Првите награди на ова дело беа доделени во Индија Jumbish World Art Competition во категориите масло на платно и како апсолутен победник во сите зададени категории „Grand Winer“ Претходно, во септември на Интернационален конкурс во Америка, во селекција на 25 престижни галерии и музеи во категоријата „Political Commentary“, беше селектирана како победник „American Art Awards 2020“.

– Оваа награда ми беше особено драгоцена, бидејќи преку неа беше препознаена пораката којашто сакав да ја испратам до секој оној што поминува низ драматичноста на моментот низ кој поминува светот. Од почетокот на оваа година поминуваме низ можеби најкритичните и најапокалиптичните премрежја во човечката историја, при сто буквално секое живо битие е интимно засегнато за сопствениот опстанок и иднината на планетата Земја. Инспириран од сè она што не опкружува и она што го доживувам во текот на секојдневните скоро надреални искуства, почувствував внатрешен порив да насликам нешто на тема сто ја отсликува драматичноста на моменталната ситуација и она што можеби ќе произлезе од неа како последица на трансформацијата низ којашто поминува човековиот род. Интуитивната внатрешна водилка ја изнедри сликата „Судбоносно време“, изјави Кашавелски.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска