Премиерен концерт на Здружението на џез музичари на Македонија – Колектив со гудачи во рамки на „Охридско лето“

Од:

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува вечерва со премиерниот концерт на Здружението на џез музичари на Македонија – Колектив со гудачи.

Станува збор за настап на 23 врвни македонски музички уметници кои во рамки на концертот ќе изведуваат дела од македонски композитори и изведувачи кои се членови на оркестарот на Здружението на џез музичари на Македонија. Во најавата стои дека звукот на бројниот оркестар ќе ја потврди посветеноста на македонските џез музичари во креирањето и создавањето нови музички дела кои се вистинска рефлексија на македонските џез текови.

Здружението на џез музичари и слободни уметници е основано во 2016 година со единствена цел да ги обедини џез музичарите од земјата и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во здружението членуваат дел од најреномираните џез музичари од Македонија, студенти и професори на џез академиите во Скопје и Штип, како и слободни уметници, љубители и помагатели на тој вид уметност. Здружението работи на подобрување на музичката продукција, се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, за афирмирање и негување на џез културата во Македонија.

За настапот на македонските џезери е резервирана сцената „Долни Сарај“ од 21 часот.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма