Премиера на „Старицата од Калкута“ во театарот во Велес

Од:

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечерва по повод Светскиот Ден на театарот, премиерно ќе биде изведена претставата „Старицата од Калкута“од израелскиот автор Ханок Левин ,а во режија на Софија Ристевска Петрушева.

На прес конференција режисерката Софија Ристевска-Петрушева оцени дека Левин е исклучително интересен и провокативен автор.

Ристевска-Петрушева појасни дека „Старицата од Калкута“ изобилува на ликови на „старици“ што се симбол на неуспехот, самотијата и смртта, што константно се околу нас.

-Точно желбата и стратегијата на ликовите да ги избегнат овие околности, креираат комични и иронични ситуации, што оставаат призвук на безизлезот во којшто се наоѓаме, потенцира режисерката Ристевска-Петрушева.

Режисерката информира дека првпат работи на премиера во новиот велешки театар и е задоволна од условите за работа, кои како што потенцира се идеални и според европските стандарди.

-На сцената на новиот театар во Велес има идеални услови за прекрасен дизајн на светло и звучни ефекти и затоа секоја претстава е вистински шоу, истакна Ристевска-Петрушева.

Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Андреј Ѓорѓиевски, кореографија и сценски движења на Кире Миладиновски, а музиката на Сашко Костов.

Во претставата играат актерите: Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Слободанка Чичевска, Фаик Мефаиловски, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Талија Настова.

Воедно пред публиката вечерва од сцената ќе бидат прочитани светската и македонската порака по повод Светскиот ден на театарот 27 март.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он