Премиера на „Прометеј“ на Турскиот театар

Од:

Претставата „Прометеј“ по текст од Есхил во режија на Дејан Пројковски, вечер, во 20 часот премиерно ќе биде изведена од актерите на Турскиот театар.

Режисерот Пројковски истакна дека станува збор за претстава работена во радикална експериментална форма во која значаен дел од играта на актерите е базиран на движењето. Ја обработува големата тема на Прометеј, кој му го подарил огнот на луѓето, оган кој што во претставата ликовите го бараат преку потрагата по човекот, човечкото во себе и кој станува симбол на нивната совест.

– Кога би требало со еден збор да кажам што е нашиот Прометеј тоа е лабораторија за антички театар, рече Пројкоски.

Според него, в недела публиката ќе може да види една шокантна актерска игра што ја тестира актерската издржливост.

За кореографот Олга Панго, претставата носи нов современ израз наспроти она што е класична актерска игра.

Авторот на сценографија Владо Ѓорески – Рафик целокупната работа на претставата ја окарактеризира како чист, искристализиран и јасен естетизам со што, вели, Турскиот театар со овој проект влегува во најсовремените европски театарски движења.

Главните улоги ги толкуваат Селпин Керим, Џенап Самет, Сузан Акбелге и Неат Али, искусна актерска екипа на Турскиот театар. Музиката за претставата е на Горан Трајковски.

Во претставата, која ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија, настапуваат и студенти дипломци од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА.

Проектот е финансиран од Министерството за култура на РМ.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје