Премиера на претставата „Колку убав погреб“ во Штип

Од:

Во Дом на млади во Штип вечер премиерно ќе биде изведена театарската претстатва „Колку убав погреб“, работена според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, а во режија на Александар Јовановски и Марјан Анѓеловски.

„Колку убав погреб“ е драма која зборува за животот на бездомникот Ангел, кој живее од смртта на другите, хранејќи се од погреб на погреб. На еден погреб, тој ќе ја запознае девојката Марија и нивните животи ќе се променат засекогаш … Апсурдна приказна за една искрена љубов во едно труло општество, полно со омраза и предрасуди.

Автор е Марјан Анѓеловски додека режијата е на Марјан Анѓеловски и Александар Јовановски. Во претставата играат Јасмин Рамани, Ивана Стамевска, Ристе Мицевски, Елена Ѓорѓевска, Огнен Велевски, Петра Ивановска, Сара Николовска и Марјан Анѓеловски.

Претставата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, како проект од национален интерес од областа на драмската дејност за 2021 година.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање