Во Домот на културата во Босилово синоќа се одржа премиерата на претставата „Арлекин, слуга на двајца господари“ по текст на Карло Голдони, а во режија на Стојан Велков Трн.
Текстот припаѓа на првата творечка етапа на италијанскиот комедиограф и реформатор на тамошниот театар, во чии комедии настојувал да се оттргне силното влијание на комедија дел арте, со што го трасирал новиот пат на драматургијата на граѓанскиот театар.
Претставата е дел од проектот „Ревитализација на руралните средини преку уметност и култура“ што го спроведува Здружението за култура Трензен со учество на младинци од Општина Босилово и општина Струмица. Во реализацијата помогнаа и КУД „Гоце Делчев“, поддржан од Општина Босилово.