Премиера на мјузиклот „Мама миа!“ во МНТ

Од:

Вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар премиерно ќе биде изведен мјузиклот „Мама миа!“ во режија на Наташа Поплавска. Станува збор за копродукциски проект помеѓу МНТ и словенечката компанија „Проспот“.

„Мама миа!“ е весела приказна за тинејџерка (Софи Шеридан) во потрага по својот вистински татко на еден грчки остров, раскажана преку хитовите на шведската група АББА (музика на Бени Андерсон и Бјорн Улвеус) и по текст на Кетрин Џонсон.

Носечката улога (Софи Шеридан) вечер ќе ја игра актерката Нина Деан, а нејзина алтернација за други изведби на мјузиклот е Јана Стојановска. Ликот на мајката (Дона Шеридан) ќе го игра Биљана Драгичевиќ-Пројковска, во улогите на нејзините најдобри пријателки се актерките Арна Шијак и Тања Кочовска.

Тројцата потенцијални татковци Сем, Бил и Хари ќе ги глумат актерите Кире Ѓоревски (во алтернација со Висар Вишка), Трајче Ѓоргиев и Владимир Јачев, а Никола Наковски односно Петар Стојанов ќе настапи во ликот на Скај, вереникот на Софи.

Хитовите на АББА од 1970-тите и 1980-тите години ќе бидат испеани на македонски јазик, освен евровизиската „Ватерло“ која е оставена во оригинал. Препевот и преводот на текстот од англиски на македонски го направи Тина Трпкоска.

По вечерашната премиера во МНТ, „Мама миа!“ ќе има три репризи до крајот на годинава (26-ти, 28-ми и 29 декември). Следни термини се 12-ти,13-ти и 23 јануари 2018.

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата за деца „Жива досада“ во МНТ

Овации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, Сараево

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

А1он

Премиерата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ ќе биде на 13 ноември

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ

МНТ ги откажува сите изведби до 22 март, поради трагедијата во Кочани