Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Од:

Премиерата на комедијата „Жени во црвено“ во Македонијаќе се одржи на 9 октомври во 19 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Претставата, која ја носи JEС Продукција од Скопје, ги обединува на сцената неповторливите актерки Олга Одановиќ, Дубравка Мијатовиќ, Анастасија Мандиќ и Сена Ѓоровиќ, под режија на Бојана Лазовиќ. Нивната изведба ветува вечер полна со смеа и забава.
Претставата раскажува за четири жени кои се наоѓаат во комична, но истовремено и сериозна ситуација. Поранешната стјуардеса Тамара и нејзината сестра Нора, која е невработена, се соочуваат со финансиски тешкотии и неможност да го платат својот станбен кредит. Динка, службеничка од банката, доаѓа со намера да го конфискува имотот, но се соочува со неочекуван отпор од сестрите. За да го задржат својот дом, тие преземаат драстични чекори, додека надвор од нивната зграда полицијата и специјалните единици го заоструваат конфликтот. Во меѓувреме, на местото на настанот пристигнува полицајката Анѓа, со свој личен проблем.

Комедијата „Жени во црвено“ на комичен начин ги обработува темите на долгови, финансиски кризи и животните предизвици, истовремено потсетувајќи на важноста од солидарноста, пријателството и заедничкото справување со проблемите.

Екипата на претставата:

Текст: Давор Шпишиќ
Режија: Бојана Лазовиќ
Сценографија и костимографија: Јелена Стокуќа
Музика: Ирена Поповиќ Драговиќ

Оваа претстава нуди навидум лесен, но длабок поглед на апсурдноста на современото живеење и борбата за опстанок. Не ја пропуштајте оваа незаборавна комедија што ја носи JEС Продукција од Скопје.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“