Премиера на филмот „Сите против сите“ во Љубљана

Од:

Во Колосеј во Љубљана вечер премиерно ќе биде прикажан филмот „Сите против сите“ во режија на словенечкиот режисер Андреј Кошак. Филмот е копродукција меѓу Словенија, Македонија и Хрватска.

Македонската премиера на филмот ќе се случи во текот на оваа година.

Една од главните улоги ја толкува македонскиот актер Благој Веселинов чија работа неодмна беше потврдена со наградата „Shooting Stars Award“ на Берлиналето. Во филмот игра и Милан Тоциновски. Монтажер на филмот е Мартин Иванов, а продуценти од македонската страна се Илија Циривири и Дејан Илиев .

„Сите против сите“ е политички трилер чие дејствие се случува во измислено место Ровте под идиличните Алпи во Словенија и зборува за демократијата, изборните измами и уништувањето на социјалните вредности.

– Словенечката транзиција ни покажа дека демократијата и политиката станаа синоним за корупција. Филмот го поставив како огледало на светот во кој живеам денес. Главниот лик е градоначалникот Франт, кој ги губи изборите во малиот словенечки град Ровте и е присилен да соработува со криминалци. Сите против сите на локално ниво покажува дека живееме во глобален свет на лажни вести, политички спинови и корупција каде моралот и етиката ја имаат изгубено важноста, вели продуцентот на филмот Илија Циривири.

Прв филм на Андреј Кошак е „Аутсајдер“ кој го погледнале 100.000 гледачи во Словенија, негов втор филм е „Зуење во главата“ кој го работел заедно со Дејан Дуковски, а неговиот трет долгометражен филм „Состојба на шок“ е прикажан во нашат земја и има 1.200.000 прегледи на Јутјуб.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ