Премиера на драмската пиеса „Магична кутија“ во тетовскиот Центар за култура

Од:

Драмското студио при Националната установа Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово денеска пред публиката ќе се претстави со драмската пиеса „Магична кутија“ по текст на Сотираќ Гушо.

-Изведбата на пиесата е во рамки на културните активности и годишната програма на Центарот за култура за тековната 2021 година. Претствата ќе се изведе во големата сала денеска и утре (вторник и среда) од 18:30 часот, информираат од Центарот за култура во Тетово.

Режијата на пиесата е на Марко Богдановски, а улогите ги толкуваат Глигорче Стојановски, Игор Бачовски, Ева Спировска, Симон Стојановски и Левко Богдановски.

Би можело да ве интересира

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера