Премиера на документарниот филм посветен на Илхами Емин

Од:

Во Кинотека на Македонија вечер премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Ѓулчинар Илхами Емин“ посветен на животот, уметноста и делото на турскиот поет и писател Илхами Емин.

Филмот е во режија на Исмет Арасан, а оригиналната музика е дело на Ердал Ѓунеј. Директор на фотографија е Мустафа Кемал Коркмаз-Танер Акчил, а илустратор Динч Онур Ајдин.

Филмот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Турција и од Министерство за култура на Македонија.

Илхами Емин е турски поет, писател и новинар од Македонија. Роден е во Радовиш на 8 август 1931 година. Образованието го започнал во средното економско училиште во Скопје, а потоа дипломирал на Високата педагошка академија во Скопје, на отсекот Македонски јазик и книжевност.

На Балканот е познат како еден од најстарите културни дејци, поточно како балканскиот чинар.

Во литературните кругови е познат како „поетот на розата” бидејќи на зборот роза и дал ново значање, особено заради употребата на метафората на розата во неговата поезијата.

Во неговата богата кариера се вбројуваат и преведувачките ангажмани за Јосип Броз Тито и претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров. Има објавено повеќе дела како и драмски претстави кои биле поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје, но ги превел и делата на Евлија Челебија, „Основањето на Отоманската Империја“ на Ф.Копрулу, како и делата на Назим Хикмет, Орхан Памук, Ибн-и Рушт и Ахмет Јесеви.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои ПЕН наградата во Македонија во 2011 година и наградата за најдобар роман „Кочо Рацин” во 2012 година. На турски јазик своето творештво го објавува и на веб страницата http//yeniakinciblog.com, а неговите спомени се објавени во книгата „Балканот и Турците“ (Рифат Емин Сипахи). За неговото дело во 2016 година беше напишана книгата „Ѓулкаја“ од Назли Рана Ѓурел и Зеки Ѓурел.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска