Премиера на документарeн филм посветен на корејскиот поет Ко Ун

Од:

Во Кинотека на Македонија вечерва премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Звуците на Ариранг“ посветен на корејскиот поет Ко Ун, добитник на наградата „Златен венец“ во 2014 година.

Филмот е во режија на Диме Ратајкоски, а во продукција на Македонската радиотелевизија.

Станува збор за филмски портрет на една ретка творечка личност чие творештво заради уметничките и естетските вредности одамна е валоризирано меѓу најзначајните во светската поезија од втората половина на XX-тиот и почетокот на XXI-от век. Премрежјата, поделбите и страдањата низ кои минува корејскиот народ, наоѓаат одраз во неговиот творечки пат.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска