Во Кинотека на Македонија вечерва премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Звуците на Ариранг“ посветен на корејскиот поет Ко Ун, добитник на наградата „Златен венец“ во 2014 година.
Филмот е во режија на Диме Ратајкоски, а во продукција на Македонската радиотелевизија.
Станува збор за филмски портрет на една ретка творечка личност чие творештво заради уметничките и естетските вредности одамна е валоризирано меѓу најзначајните во светската поезија од втората половина на XX-тиот и почетокот на XXI-от век. Премрежјата, поделбите и страдањата низ кои минува корејскиот народ, наоѓаат одраз во неговиот творечки пат.