Премиера на „Денес не напишав ни збор“ во режија на Милчин

Од:

Премиерата на новата претстава на режисерот Владимир Милчин, „Денес не напишав ни збор“, работена по извадоци од делата на Данил Хармс и „Сонот на разумот“ од Антонио Буеро Ваљехо, ќе се одржи на 11 јуни во Театарот за деца и младинци во Скопје.

„Вечната борба на уметникот со авторитетите, односот кон слободата, и гладта за истата, се некои од темите со кои оваа претстава се занимава, а сето тоа видено преку пресеци од животите на двајца великани, Хармс и Гоја.“, соопштуваат од Театарот за деца и младинци.

Во претставата играатактерите: Драган Довлев, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Ана Левајковиќ – Бошков, Татјана Павловска Кочовска, Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Емра Куртишова и Симона Спировска.

Сценографијата е на Крсте Џидров, а костимограф е Марија Пупучевска.

-По успешната соработка на претставата „Нашиот клас“, ова ќе биде уште еден значаен придонес на режисерот Владимир Милчин, во активирањето и збогатувањето на младинската сцена од репертоарот на Театарот за деца и младинци, велат од Театарот.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он