Премиера на „Божествена комедија“ во Битолскиот театар

Од:

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола, вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Божествена комедија“ од Исидор Шток во режија на гостинот од Русија, Александар Исаков.

– Соработката меѓу режисерот Исаков, кој во моментов е раководител и професор на катедрата за режија и актерска игра на Санкт-Петербургскиот хуманитарен универзитет и Битолскиот театар почнала во 1997 година со постановката на претставата „Женидба“ од Гогољ, а потоа следуваат претставите „Патувам, патувам…“од Кољада (2001) и „Минхаузен“ од Горин (2011), посочи Валентин Светозарев, директор на НУ Народен театар-Битола.

Тој нагласи дека оваа претстава треба да предизвика интерес кај сите генерации од 7 до 77 години и додаде дека ќа ја пласираат како семејна комедија.

Оливера Павловиќ, која го направи преводот од руски на македонски јазик посочи дека иако насловот „Божествена комедија“ во нашата свест е неразделно засекогаш поврзан со името на славниот Данте Алигиери, оваа претстава нема никаква врска со неговото дело. Инспирацијата за истоимената пиеса, советскиот драматург Исидор Шток ја добил од серијата весели цртежи-графики на францускиот уметник Жан Ефел, издадени во четири албуми (1984) под назив „Создавањето на светот“.

– Претставата „Божествена комедија“ е приказна за раѓањето на љубовта на земјата. Ниеден рај не може да ги замени тие чувства. А што ако Адам и Ева не го пробаа забранетиот плод, ако не се уплашеа од Божјиот гнев? Немаше да се родат нивните деца, и децата на нивните деца. Немаше да ги имаме и ние денес. И, секако, немаше да се појави нашата претстава, нагласи режисерот Александар Исаков, во пресрет на вечерашната премиера во Битола.

Пред битолската публика, на матичната театарска сцена во „Божествена комедија“ ќе настапат актерите Борис Чоревски, Душко Јовановиќ, Филип Мирчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Александар Стефановски, Борче Ѓаковски и Сандра Грибовска.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ