Преку креативни работилници децата од Преспа ќе ја запознаваат околината

Од:

Во рамките на проектот „Триаголници на соработка“ од 27 до 31 јули во Преспа ќе се организираат еднодневни тури наменети за деца над седум години од Преспа, Крани и Подмочани и од нивната околина.

Активноста насловена „Дестинација – креација“ ја реализира Буден театар, а најмладите преку креативни активности ќе имаат можност да ги истражуваат природните убавини и атракции во Преспа.

Учеството, како што соопшти Општина Ресен е бесплатно, со задолжително пријавување. Децата ќе бидат придружувани со обучени и искусни фасилитатори и професионалци.

– Услов за учество е пријавување на e-mail и писмена согласност од родител за снимање. Сите тури ќе бидат снимани и емитувани. Заинтересираните може да се пријават на: trianglesofcooperation@gmail.com, со назнака Креативно Кратово. Бројот е ограничен на 20 деца во една тура. Пријавувањето може да биде за една или повеќе тури. Предност ќе имаат пријавените за сите пет дена, се наведува во информацијата.

„Дестинација-креација“ е продолжение на активностите кои преку проектот „Триаголници на соработка“ Буден Театар ги спроведува во Преспа и Кратово. Досега биле извршени обуки за реализација на креативни програми за деца, спроведени се 42 креативни работилници за деца и беа прикажани шест гостувања на претстави на Буден Театар.

Проектот е поддржан од Швајцарска амбасада во Скопје, а локални партнери се општините Кратово, Ресен и Пробиштип, Музејот на град Кратово, Домовите на култура во Кратово и Ресен, основните училишта во селата Крилатица, Злетово, Крани и Подмочани, како и граѓанските организации Акција Плус – Ресен, Изида – Ресен, и Регионален центар за одржлив развој.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи