Во свечената сала на Филозофскиот факултет при УКИМ денеска ќе се одржи предавање на тема „Мозаиците во мавзолејот на Санта Констанца во Рим“. Предавач ќе биде професорот Ахмед Арбајтер од Универзитетот во Гетинген, Германија.
Професорот Арбајтер е угледен научник со меѓународно реноме, кој студирал историја на уметноста во Мајнц и Хамбург, а по докторирањето обавувал значајни раководни функции во Германскиот археолошки институт во Мадрид. Од 1998 година е раководител на Одделението за христијанска археологија и византиска уметност на Универзитетот во Гетинген.
Неговото предавање ќе ги опфати разновидните аспекти на богатиот и живописен мозаичен аранжман во мавзолејот на Санта Констанца, ќерката на царот Константин I, со осврт на програмскиот контекст, иконографските одлики и неговото симболично значење. Предавањето, како и посетата на професорот Арбајтер и неговите студенти во Македонија ќе се одвиваат во координација со Здружението за заштита на културното наследство – „Македонида„ од Скопје.