Предавање на Лиза Нојберг во МСУ

Од:

„Телото како вселенски брод“ е насловот на предавањето што денеска во Кино салата на Музејот на современата уметност (МСУ) ќе го одржи Лиза Нојберг, уметничка од Малме, Шведска, која ги истражува радикалните можности за педагогија и перформанси преку процеси кои вклучуваат колективни, утописки, трансгресивни, пресечни и критични практики.

Влезот за предавањето е слободен.

Нojберг редовно предава во уметничките училишта и академии во нордиските земји. Нејзината работа е во форма на самоорганизирани простори, институционални процеси, работилници, предавања, изведби, видеа, книги и звучни дела.

Гостувањето на Нојберг е дел од годишната програма „Недисциплинирани форми на знаење“ на Проектниот простор Прес ту егзит во рамки на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторска размени 7: Курирање урбани заедници“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска