Предавања за современата археолошка теорија

Од:

Студентското археолошко здружение „Аксиос“ од Скопје денеска во Археолошкиот музеј на Македонија ќе организира „Современа археолошка теорија“ – серија предавања и дискусии поврзани со современите теориски и методолошки тенденции во археологијата и нејзините сродни науки со учество на млади истражувачи.

– Се одлучивме за настан на кој нема да се зборува за конкретни археолошки наоди, локалитети, хипотези и претпоставки, туку ќе се дискутира за општите научни цели и принципи на археологијата, за нејзините теориски и методолошки основи, истакнуваат од „Аксиос“.

Настанот ќе биде составен од шест предавања преку кои говорниците ќе ги искажат своите ставови поврзани со отворените прашања и насоки на развој на современата археолошка теорија и методологија.

Серијата ќе биде отворена со излагање на доц. д-р Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата, на тема „Теорија без територија: за епистемологијата и постпроцесната археологија“.

Излагања ќе имаат и доц. д-р Ирена Теодора Весевска од Филозофскиот факултет во Скопје, м-р Мишко Тутковски од НУ Стоби, Кристијан Тошески од здружението „Аксиос“, Кирил Денковски од Македонското археолошко научно друштво и Ѓоре Милевски од Центарот за истражување на предисторијата.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска